Крис Браун уапсен во Париз поради сомнеж за силување – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 1:05 PM

Крис Браун уапсен во Париз поради сомнеж за силување

Американскиот пејач Крис Браун е уапсен во Париз, под сомневање за силување – соопшти француската полиција.

Дваесет и четиригодишната  жена тврди дека пејачот ја нападнал во хотелскиот апартман во Париз претходниот месец.

Таа, наводно, изјавила за полицијата дека се запознале во ноќен клуб во центарот на Париз, близу до Елисејските Шанзели

Крис Браун (29) се’ уште не  коментирал ништо за обвинувањата.

Француската полиција го истражува случајот