Шилегов: Паркирањето во Град Скопје треба да е унифицирано – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 11:54 AM

Шилегов: Паркирањето во Град Скопје треба да е унифицирано

„За само 4 часа, една македонска дневница на чест нека му е на Шилегов. Наместо чист воздух, празен новчаник“, е реакцијата е еден граѓанин со платена фискална сметка од 350 денари за паркинг на Клинички центар.

Ова е една од лавините реакции кои ги преплавуваат социјалните мрежи токму за паркингот кој е најважен за граѓаните. На новинарско прашање колку ќе трае скапиот паркинг за граѓаните кои не можат да патуваат со Јавен превоз испратено до градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, вели дека ќе се разгледа можноста за дел од паркинг зоните не бидат опфатени со одлуката за поскап паркинг.

„Ќе ја разгледаме можноста и дел од паркинг зоните кои што се во една поинаква употребна вредност да не бидат опфатени со оваа одлука. Размислувавме исто на соодветната тема, меѓутоа мораме да имаме соодветна одлука на Советот на Град Скопје. Верувам дека утре како една дополнителна точка при носење на едни вакви интервентни мерки да има дискреционо право градоначалникот да одлучи кои од паркинзите нема да бидат опфатени. Клинички центар е еден таргет, бидејќи не служи само за паркирање туку и за сериозни потреби на нашите граѓани“,вели Шилегов, кој воедно додаде дека интервентните мерки кои се уште се на сила за високата аерозагаденост ќе бидат стопирани денеска околу 18 часот. Унифицирање на пакинзите е ставот на скопскиот градоначалник во однос на паркинг зоните кои се во различни општини.

„Јас сум на мислење дека паркирањето во Град Скопје треба да е унифицирано, и разговараме во врска со тоа со Општина Центар, политиките на паркирањето осебно во центарот на градот кој што е и привлекувач на автомобилски сообраќај, мора да биде унифицирано. Така што денеска имаме во 13 часот со градоначалникот на Општина Центар имаме состанок, меѓу другото токму и на оваа тема да имаме една заедничка политика, тие како општина ние како град, кога автомобислкиот сообраќај односно дестимулирањето на автомобилскиот сообраќај кога загадувањето е во прашање“, изјви Петре Шилегов на денешната прес конференција на која беше потпишан меморандум помеѓу Град Скопје и Шумарскиот факултет за ослободување на садниците односно за неправилно засадени дрва и нивна санација.