Пронајдена дрога во скопско возило на патот Штип – Велес – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 9:57 AM

Пронајдена дрога во скопско возило на патот Штип – Велес

Полицијата соопшти дека вчера (понеделник) година околу 16.25 часот, на излезот од Штип кон Велес, била пронајдена дрога при преглед на патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки. Бил направен преглед и на патниците А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје.

Притоа, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип.

По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти МВР.