Червар кажа дека им се случил грабеж и дека судиите треба да се затворат. Тој беше лут на данските судии Хансен и Гједин, кои во последната минута досудија пробивање од Игор Карачиќ и го овозможија победничкиот бод за Германците. По натпреварот, на прашањето на хрватските новинари дали може да биде суспендиран, Червар беше дециден:
-Не може да ме казнат, јас сум 45 години сум во ракометот. Ова е грабеж, кој го виде цел свет. Овие судии треба да се затворат. Ова не е првпат. Данците ни го земаа првенството во 2008, 2009 и 2010 година и тоа треба јавно да се каже. Не може да се дозволи аматери да судат вакви натпревари и да ги решаваат нашите судбини. Треба нешто да се преземе и судиите да се суспендираат. Ние ги надигравме Германците пред нивна публика, а судиите ни пресудија. Што да кажам за ракометарите!? Браво момци, добро игравте!? Тие беа само жртвено јагне. Ние Хрватите мора да се бориме за гордост и достоинство и не треба да дозволиме некој јавно да краде од нас“, вели Червар, кој откри дека до него стигнале предлози во текот на играта да го повлече тимот во знак на реовлт од судењето на судиите.


