Јаболка и ореви за храброст – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 8:18 AM

Јаболка и ореви за храброст

Не е секој ден сончев и полн со радост, често не напушта храброст и стануваме нервозни и ранливи. Во такви ситуации најдобро е да се потсетите на старите природни рецепти кои едноставно и брзо го враќаат доброто расположение.

За почеток, ако почувстувате дека нервите ви се напнати до пукање, направете јогурт со валеријан. Измешајте во една чаша био јогурт, две лажички мед и 10 капки тинктура валеријан и јадете го наутро и навечер. Сигурно веднаш ќе се почувстувате подобро.

Доколку пак страдата од обезхрабреност и малодушност еве еден стар манастирски рецепт. Сварете три суви смокви и ¼ црно вино, варете се додека смесата не стане како сируп. Оставете го да се излади и преку ден консумирајте лажичка по лажичка.

Кога сме кај старите рецепти, еве уште еден и тоа од 18 –ти век: интензивно и полесно парче црн интегрален леб и со тоа слатка јаболка исечена на мали парчиња. Така ќе внесете многу витамини и минерали кои даваат сила. Ако ве нападне голема нервоза спас побарајте во сувото грозје. Само пет парчиња од ова слатко овошје многу брзо ќе ви овозможи сигурност и ќе ги зајакне вашите нерви.  Ова може да го практикувате и секое утро ако јадете мусли. Измешајте 50 грама интегрални освесни снегулки со рендано јаболко, додадете лажичка суво грозје, лажичка сецкани ореви и лажичка мед, а потоа прелијте со чаша кефир.