Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.
Брегу, која од вчера е во работна посета на Република Македонија, ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби.
Во рамки на посетата, Брегу вчера имаше средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.