Мајлинда Брегу на средби во македонскиот Парламент – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 7:42 AM

Мајлинда Брегу на средби во македонскиот Парламент

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Брегу, која од вчера е во работна посета на Република Македонија, ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби.

Во рамки на посетата, Брегу вчера имаше средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.