Пред Владата романското претседавање со ЕУ и програмата за аерозагадувањето – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 7:38 AM

Пред Владата романското претседавање со ЕУ и програмата за аерозагадувањето

Приоритетите на Романија за време на претседателството со Советот на Европската Унија, што ќе ја одржи романскиот амбасадор Стефан Горда ќе бидат презентирани на денешната седница на Владата на Република Македонија.

На оваа седницата ќе се најде и Информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот „Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Р. Бугарија. На предлог на Агенцијата за млади и спорт, Владата ќе ја разгледа Предлог – програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за оваа година.

Генералниот секретаријат на Владата на РМ ќе ја предложи на усвојување Предлог-програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, а на предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање на седницата на Владата ќе се најдат Предлог-Годишната програма за заштита на природата за 2019 година, и Информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје.