Со спанаќ против стареење – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 5:27 PM

Со спанаќ против стареење

Да спанаќот дава сила, знаеше за ова и морнарот Попај, но зошто децата не се радуваат кога за ручек на масата ќе видат дека го имаат овој зелен зеленчук, објаснува професор Хадемар Банкхофер од Виена кој вели дека спанаќот содржи одредена киселина, која кај некои деца предизвикува одбивност или пак алергија.

Всушност спанаќот и не е некое јадење за деца, многу повеќе за повозрасните, за што подолго да останат млади и во топ форма. Така Банкхофер смета дека овој зеленчук е идеално средство против стареење. Спанаќот содржи каротиноид, супстанца која не прави млади  и кој ја храни мрежницата на очите и не штити од слепило. Исто така спанаќот, содржи магнезиум, важен за срцето и крвотокот. На пример, само 50 грама спанаќ ги покрива дневните потреби за магнезиум. Освен тоа, оваа билка содржи витамин Е и манган, кои ги зацвсртвуваат нервите, кожата и косата, но Банкхофер го негира тврдењето дека спанаќот содржи калциум.