Во Гостивар од година в година се зголемува бројката на деца кои не се вакцинираат – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 3:34 PM

Во Гостивар од година в година се зголемува бројката на деца кои не се вакцинираат

Во Гостивар од година в година се зголемува бројката на деца кои не се вакцинираат. Здравствените работници велат дека причина за ваквата состојба е антивакциналната кампања.

Рапидно расте бројката на деца кои не се вакцинираат од Гостивар и гостиварско. Како најголема причина се антивакциналните кампањи кои го шират тврдењето дека МРП вакцината против морбили, рубеола и пароти предизвикува аутизам. Здравствените работници апелираат родителите да ги носат децата на вакцинација, за да не се појави епидемија на морбили како во случајот со град Скопје

Последните случаи на мали сипаници во Гостивар се регистрирани пред осум години, кога имаше седум заболени.

Во Скопје досега се евидентирани 80 случаи на заболени лица од Морбили.Претежно се работи за деца кои не се вакцинирани. Епидемијата ќе трае уште две недели, ако не се појави нов случај на заболен од мали сипаници.