ПСЖ повторно ја „изигра“ УЕФА, но на лето следува болната вистина… – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 3:09 PM

ПСЖ повторно ја „изигра“ УЕФА, но на лето следува болната вистина…

Изгледа дека ПСЖ ќе го добие посакуваното засилување. Според информациите на италијанските медиуми, Аурелио Де Лаурентис отпатувал во Париз на преговори околу Бразилецот Алан.

Можно е ПСЖ да плати помалку за Бразилецот, но некоја фирма од Катар ќе стане спонзор на Наполи и на оваа измама УЕФА нема одговор.

Тухел бара да му се доведе играч за врска, бидејќи Рабио е исфрлен од тимот, но сега можно е да се врати бидејќи Верати се повреди.

Но, што ќе прават Парижаните на лето? Ќе го продадат Нејмар?

Тешко, наводно, Тухел има многу подобар однос со него отколку со Мбапе, и ако се прашува Германецот, попрво би го задржал Бразилецот.

И самиот Нејмар нема толкава желба да си оди, вели дека оваа сезона му е многу подобро, дека тренерот му одговара и дека се навикнал на Париз.

А Мбапе?

Тој вчера изјави дека во фудбалот никогаш ништо не се знае и покрена лавина шпекулации.

Него го сакаат сите, но како што се дознава, тој ќе разгледува само две опции, едната е Реал Мадрид, другата е Јувентус кој веќе разговарал со неговите родители. Тие го нудат она што му е потребно на младиот играч, мир, недостаток на тензии, помал притисок бидејќи тука е Роналдо кој ја носи екипата, соблекувална во која нема поделби, а велат дека Мбапе тоа најмногу го нервира во Париз.

Но, за тој трансфер Јувентус ќе мора да продаде неколку играчи, пред се Дибала, како и да се откаже од Иско кој Алегри силно го посакува.

Се на се останува да се види што ќе направи клубот, Ал Келаифи тврди дека ќе најде решение, но повеќето медиуми сметаат дека ако сака да избегне исфрлање од ЛШ, ПСЖ ќе мора да продаде една од двете главни ѕвезди.

Преземено: Спорт Клуб