Тотенхем е во потрага по напаѓач, на повидок е шокантен трансфер – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 2:58 PM

Тотенхем е во потрага по напаѓач, на повидок е шокантен трансфер

Тотенхем е во потрага по краткорочно решение во нападот.

Хјонг Мин Сон е отсутен поради настапот на Азискиот Куп, Хари Кејн е повреден и ќе пропушти неколку натпревари, минимум еден месец, па во клубот се најдоа во голем проблем.

Љоренте е единствениот кој остана во нападот од поискусните играчи, па потрагата е и повеќе од итна.

Како решение се појавува Енди Керол.

Фудбалерот на Вест Хем е мета на Тотенхем, доволно е да издвојат само 2 милиони фунти за него и можат да преговараат околу договорот.

Проблемите за Тотенхем со повредите се зголемија кога Деле Али го напушти теренот против Фулам.

Преземено: Спорт Клуб