Албанските политички партии почнаа да покажуваат интерес за барањата на Движењето Анти коцкање – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 2:40 PM

Албанските политички партии почнаа да покажуваат интерес за барањата на Движењето Анти коцкање

Политичките партии на Албанците покажуваат интерес за барањата на Движењето Анти коцкање, кои во пресрет на донесувањето на новиот Предлог закон за игри на среќа предложија казината и обложувалниците да бидат оддаделечени најмалку 3 километри од институцииите и училиштата.

Беса и Алијансата за Албанците се согласуваат со барањата на движењето Анти Коцкање. Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој попладнево оствари средба со претставници на движењето Анти Коцкање смета дека објектите каде се приредуваат игри на среќа треба да бидат оддалечени 3 километри од населените места.

Од движењето Анти коцкање неодамна рекоа дека поголемите политички партии не покажуваат интерес за нивните барања од чии парламентарни групи, зависи каков закон ќе се донесе.

Од ДУИ претходно истакнале дека објектите каде се приредуваат игри на среќа, треба да бидат оддалечени 500 односно 1000 метри од јавните институции и училиште. Двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пак, засега не покажуваат интерес за нивните предлози.

Во Тетово има голем број казина и обложувалници, кои не го почитуваат и постојнит закон за игри на среќа. Од Движењето Анти коцкање бараат државата да одвојува 5% од буџетот кој доаѓа од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес и да се изготви национална стратегија за едукација на учениците, студентите и сите граѓани за штетите кои ги предизвикува коцкањето

Најавија нови протести, ако пратениците не ги прифатат нивните барања поврзани со подготовката на новиот закон за игри на среќа.

 

Зоран Димовски