АРМ потврди дека креаторот на лажни вести е професионален  војник – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 12:27 PM

АРМ потврди дека креаторот на лажни вести е професионален  војник

На плата во АРМ, како професонален војник е ангажиран кумановчанецот Слаѓан Цаго Бојковски, кој имал сајтови за лажни вести. Белгискиот програмер Мартен Шенк, уште пред една година откри дека сајтовите се регистрирани на името Марјан Златановски (псевдонимот на Бојковски), кој заедно со Марија Крстева, за која подоцна се откри дека е негова сопруга, креирале повеќе сајтови за лажни вести.

Овие сајтови со своите лажни содржини допреле до милиони Американци. Објавувани се вести со говор на омраза насочен кон мигранти и муслимани, потоа лажната вест за смртта на Џорџ Сорос, лажни вести за тероризам.

Според пишувањето на hoax-alert.leadstories.com, новинарите се обиделе да стапат во контакт со Марјан Златановски.

„Ја пронајдовме страницата LinkedIn за Марјан Златановски, на која има профилна профилна фотографија на која изгледа исто како на селфиата.

Професијата наведена во профилот е “службеник во Министерството за одбрана на Македонија”. Се обидовме да добиеме потврда за ова од македонското Министерство за одбрана преку нивната канцеларија за односи со јавност, но до моментот на објавувањето не добивме одговор.

Го контактиравме Марјан Златановски преку Фејсбук и тој ни потврди дека навистина работи во Министерството за одбрана на Македонија и е во брак со Марија Крстева. Исто така не информираше дека слушнал за нашите барања за потврда до Министерството за одбрана (иако не сме го информирале за ова, па претпоставивме дека некој во министерството го информирал за нашето барање).

Тврдеше дека ги води сајтовите како мал бизнис неповрзан со неговата работа во министерството.

Прашавме дали би сакал да го прокоментира фактот дека е чудно за службеник на неговата позиција да раководи со сајтови кои објавуваат расистички, невистинитити и многу често незаконски копирани содржини за профит, но тој одби да даде изјава. Лично не можеме да претпоставиме зошто некој би сакал да води сајтови како овие под свое име, бидејќи е неизбежно некој во одреден момент да ги поврзе точките. Првично мислевме дека некој го злоупотребува неговиот идентитет, но се покажа дека вистината е многу поедноставна, но сепак доста изненадувачка“, стои во текстот.