Груевски снимен во трговски во центарот на Будимпешта(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 12:20 PM

Груевски снимен во трговски во центарот на Будимпешта(видео)

Поранешниот премиер, Никола Груевски изминатиов викенд се шетал во познатиот трговски центар WestEndCity, кој се наоѓа на популарната улица Ваци во Центарот на Будимпешта.

Ова се гледа на видеото кое го објави унгарскиот портал 444.hu, кој објави дека поранешниот премиер осуден за корупција „мирно се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.


Груевски последен пат беше забележан при крајот на минатата година, кога беше објавено видео на кое се гледа како тој руча во ресторан во Будимпешта, со вработени во македонската царина.