Со автомобил влетал во парфимерија во Неготино – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 11:55 AM

Со автомобил влетал во парфимерија во Неготино

Поголема материјална штета е причинета, откако 23 годишниот С.С од Неготино управувајќи возило Ауди А3 со кавадаречки ознаки влегол во парфимерија во центарот на Неготино, информираат од СВР Велес.

„На 20.01.2019 година окoлу 07.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино патнички автомобил „Ауди А3“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.С.(23) од Неготино, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во излог од парфимерија. Притоа, била направена само материјална штета, нема повредени лица. Извршен е увид на местото на настанот“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољув Додевски.

Ангел Данов