Канадската истражувачка компанија Медголд рисорсис на јужна Србија, на самата граница со Бугарија и Македонија, дојде до одлични показатели за богати наоѓалишта на благородни метали.
Оваа компанија, во рударското истражување под име “Tlamino Project”, пронајде слој од 40 метри кој содржи 8,32 грама злато по тон и речиси неверојатни 193 грама сребро на тон, пишува “Вечерње новости”.
Договорот за заедничко вложување беше потпишан со компанија од Канада Фортуна Сребро, која е сопственик на рудникот за злато и сребро Сан Хозе во Мексико и на перуанскиот лежиште за сребро Кајлома. Вредноста на договореното истражување изнесува осум милиони долари.
Според “Новости”, истражувањата се изведуваат на површина од околу 200 квадратни километри на територијата на Србија.


