Тетово и во периоди кога е прекриен со снежна покривка е меѓу најзагадените градови во Македонија. Граѓаните и еколошките здруженија сметаат дека препораките на владата за намалување на аерозагадувањето не се доволни да се намали аерозагадувањето.
Државните институции и јавните претпријатија да ја намалат до 50 % употребата на службени возила. На работодавците, пак, им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. За лицата кои работат на отворено, работното време треба да биде од 11 до 17 часот.Ова се дел од препораките на владата откако во два последователни дена беше надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри т.е. надминување на вредноста од 188 микрограми на кубен метар. Тетово е еден од градовите каде се надмина прагот на штетни честички во воздухот.
Препораките се добри но не доволни за да се реши проблемот со аерозагадувањето, велат од здружението Еко Герила. Оттаму сметаат дека треба да се воведат порадикални мерки особенo против големите аерозагадувачи.
Граѓаните сметаат дека ниту државата ниту општината не презема соодветни мерки против аерозагадувањето.
Тетово и во време кога е прекриен со снежна покривка и дува ветер, пак е меѓу најзагадените градови во Македонија.
Зоран Димовски


