Синот на Лионел Ричи, уапсен од полицијата во Лондон за закана од бомба – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 12:47 PM

Синот на Лионел Ричи, уапсен од полицијата во Лондон за закана од бомба

Синот на Лионел Ричи, Мајлс Брокман Ричи, беше уапсен од полицијата на лондонскиот аеродром Хитроу, откако почнал да се расправа со полицијата и тврдел дека има бомба.

Моделот бил нервозен бидејќи не го пуштиле во авионот – извести TMZ.

Според извештајот тој станал лут и наводно тврдел дека имал бомба во неговата чанта којашто ке ја детонира ако не му дозволат да се качи во авионот.

Кога дошло обезбедувањето, тој почнал да удира по нив.