Владата препорача и на приватниот сектор да  ги ослободи од  работа ранливите категории – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 10:56 AM

Владата препорача и на приватниот сектор да  ги ослободи од  работа ранливите категории

Денеска и утре, сите државни и јавни институции од работни обврски мора да ги ослободат трудниците, луѓето постари од 60 години како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста. Ослободени од работа се и онколошко болните и оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувата.

Истото му се препорачува и на приватниот сектор, соопшти Владата.

Покрај ова, по континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Република Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.

Во овој период Владата, пред сѐ, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство, ќе ја следат состојбата врз основа на која состојба, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.