Во Грција се бара знаме повеќе – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 10:34 AM

Во Грција се бара знаме повеќе

Бизнисот со знамиња во Грција цвета. Се бараат сино – белите знамиња на Грција, но и знамето со сонцето од Виргина. Се засилуваат протестите, кои според најавата ќе траат до 27-ми јануари, додека во грчкиот Парламент тече процедурата за Преспанскиот договор. На вчерашниот протест во Атина, според проценките присуствуваа околу 100.000 луѓе од сите делови на Грција.  Насобраните соопштија дека усвојувањето на Преспанскиот договор е еднакво на национално предавство.  Двајца од тројца Грци се против овој договор, покажаа последните истражувања на јавното мислење.