Постојат голем број на маски и третмани за убава коса, но третманите со топло масло се едни од најефикасните. А за да ја разубавите косата, пробајте го овој третман со топло масло.
Најважно е да изберете квалитетно масло, како маслиново, бадемово, кокосово, јојаба, арганово… По желба и секако доколку имате на располагање, може да додадете неколку капки етерично масло, како рузмарин и лаванда.
Како да направите домашен третман за коса со топло масло?
Веќе сте избрале масло за косата? Можете да го зајакнете ефектот на третманот, доколку во него додадете сушени билки.
- За израмнување на косата во топлото масло ставете камилица.
- За длабинско чистење: рузмарин, магдонос или жалфија.
- За хидратизирање на косата: камилица, лаванда и алое вера.
- За поттикнување на растот на косата: нане, магдонос, жалфија, цимет, ѓумбир или камилица.
Состојки:
- ½ чаша масло (за средна должина на косата)
- 2-3 капки етерично масло по желба
- 1 до 2 лажици мед по желба.
Подготовка и употреба на третманот:
- Загрејте половина чаша маслиново (или друго масло) во микробранова печка или на пареа. Доколку имате пократка или подолга коса, количината на маслото прилагодете ја по потреба. Во етеричното масло додајте 2-3 капки етерично масло по избор.
- По желба, наместо етерично масло може да користите мед.
- Вака приготвениот третман добро измешајте го, а потоа нанесете го на косата со кружни движења.
- Крпата загрејте ја со фен и ставете ја околу косата. Оставете ја да делува за време од 30 минути. Повремено можете да ја загревате косата со фен преку крпата.
- Исто така, наместо крпа може да користите најлонска капа или фолија. Замотајте ја косата и оставате третманот да делува околу 10 минути.
- На крај, косата измијте ја со шампон како и вообичаено. Третманот може да го правите еднаш до два пати во месецот.
Превземено од: sezahrana.mk