Играч на Манчестер Јунајтед пред трансфер во Јувентус – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 10:30 AM

Играч на Манчестер Јунајтед пред трансфер во Јувентус

„Газета Дело Спорт“ пренесува дека во следниот период се очекува Матео Дармиан да го комплетира трансферот во редовите на Јувентус.

Играчот кој еднакво добро може да покрие на левата и десната бековска позиција би пристигнал во Торино како позајмен фудбалер, а Јувентус за ваквата опција би инкасирал околу 3.4 милиони евра.

Повремениот италијански репрезентативец речиси воопшто не добива шанса и од Оле Гунар Солскјер, па јасно е дека би прифатил секаква опција за враќање во Италија.

Превземено од: supersport.mk