Аерозагадувањето го одложи второто полугодие: Учениците во клупите ќе седнат в среда – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/19 8:18 AM

Аерозагадувањето го одложи второто полугодие: Учениците во клупите ќе седнат в среда

Второто полугодие за учениците сепак нема да почне денеска. Тие ќе седнат во училишнбите клупи в среда – одлучи Министерството за образование и наука, согласно препораките од Министерството за животна средина, поради енормното аерозагадување.

„Второто полугодие на учебната 2018/2018 година, во сите основни и средни училишта во Македонија, се одлага за два дена. Односно второто полугодие се планира да започне во среда 23 јануари. Оваа одлука на Министерството за образование и наука, се базира на препораките на споменатите институции во функција на заштитата на здравјето на децата.“, соопшти министерот, Арбер Адеми.

Доколку загадувањето продолжи, почетокот на второт полугодие сепак повторно ќе биде подложен.

Поради високата загаденост на воздухот, итни мерки донесе и Град Скопје, а меѓу нив се вбројуваат бесплатниот автобуски превоз, запирање на градежните работи под надлежност на Град Скопје и двојно поскапен паркинг.

Викендов нашиот главен град се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот. Во 1 часот по полноќ во саботата индексот на загадување во Скопје бил 430 според мерењата на Специјализираната интернет-страница за следење на воздухот „Ер вижуал“. По него биле градови од Индија, Пакистан и Бангладеш, а на петтото место – Приштина.