Иако фармацијата напредуваше, луѓето се се повеќе поборници за природните лекови се со цел својот организам да го заштитат од влијанието на хемијата. Маслото од диво оригано со векови е природен лек за различни здравствени етгоби. Неговото лековито својство биле познати уште во добата на старите Грци, познато е дека Хипократ го користел како антисептик. Ова масло е еден од најсилните антибиотик, но поради неговата силна моќ, потребно е да водите сметка за количината и мора секогаш да се меша со други масла кои се консумираат во храна. Во продолжение прочитајте повеќе за лековитите својства на овој природен лек:
УСПЕШНО СЕ БОРИ ПРОТИВ БАКТЕРИСКИ И ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ
Многу истражувања покажале дека маслото од оригано има силно антибактериско својство и дека успешно се бори против дури 30 бактерии помеѓу кои и ешерихија коли, која кај многумина создава големи здравствени проблеми. Подеднакво успешно санира и габични заболувања. Често се користи против габички на ноктите и атлетско стапало. При употреба потребно е да го мешате со друго масло кое се консумира за јадење.
ГИ УБЛАЖУВА МЕНСТРУАЛНИТЕ ТЕГОБИ
Традиционално се користи против болни и нередовни менструации. Го стимиулира протокот на крв и контракциите на матката, поради што не се препорачува за трудници.
ПОМАГА КАЈ ПРОБЛЕМИТЕ СО ВАРЕЊЕТО НА ХРАНАТА
Без добро варење на храната нема добро здравје а маслото од оригано го подобрува варењето. Ги намалува гасовите и ја регулира желудечната киселина.
ГИ УБЛАЖУВА ПОСЛЕДИЦИТЕ НА КОЖНИТЕ БОЛЕСТИ
Многу личности токму во маслото од оригано нашле спас кога станува збор за псоријаза и екземи. Кога се во прашање кожните заболувања, ова масло се меша со маслото од јојоба или маслиново масло таквата комбинација се мачка на настанатите промени на површината на кожата.
СОДРЖИ МНОГУ ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ
Магнезиум, цинк, витамин Ц и Е, железо, манган сите овие се нутритиенти кои ги содржи маслото од оригано.
ГИ УБЛАЖУВА РЕСПИРАТОРНИТЕ ПРОБЛЕМИ
Ефикасно се бори против бронхитис, астма и дишни проблеми предизвикани од настинка. Има благо седативно влијание кај репираторните проблеми предизвикани од алергии и ги ублажува реакциите на телото од алергии.
ШТИТИ ОД КАРДИОВАСКУЛАТОРНИ БОЛЕСТИ
Благодарејќи на силното антиоксидантно својство го штити срцето и вените од штетите кои им ги носи слободните радикали. Го намалува лошиот холестерол и го спречува таложењето на мастите во организмот.


