Време е за блага пауза: Крем од лимом со бисквити и овошје – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/19 3:45 PM

Време е за блага пауза: Крем од лимом со бисквити и овошје

Брз и едноставен десерт, кој веднаш ќе ве освои. За подготовка на овој овошен крем ќе ви бидат потребни дваесетина минути а подеднакво во него ќе уживаат и децата и возрасните.

Подгответе крем кој е поинаков, вкусен и полн со боја, крем од лимон.

СОСТОЈКИ:
*160 g шеќер
*150 ml лимонов сок
*100 ml сок од портокал
*6 жолчки
*65 g путер
*прстофат сол
*лажичка кора од лимон
*боровници, рибизли или некое друго овошје по ваш избор
*бисквити по желба

ПОДГОТОВКА:
Шеќерот, жолчките и сокот од портокал со прстофат сол, ставете ги во длабок сад. На послаб оган варете го кремот, додека не се згусне како пудинг, со константно мешање (околу 8 до 10 минути). Кога кремот ќе се згусне тргнете го од огнот и додајте го путерот и кората од лимон. Меѓајте се додека путерот не се стопи и соедини со кремот. Кремот покријте го со фолија и оставете го да се излади во фрижидер поовина час.

Овој крем се служи во чаша и тоа на следниот начин: На дното од чашата издробете ги бисквитите по ваш избор, ставете го кремот од лимон, а на самиот врв од дсертот додајте го овошјето.

Уживајте во оваа занимлива комбинација на вкусови.