Две лица загинаа во пожар кој изби во хотел на француските Алпи – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/19 10:50 AM

Две лица загинаа во пожар кој изби во хотел на француските Алпи

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел во француските Алпи.

Од трокатницата биле евакуирани 60 вработени и неколку странци, а откако бил изгаснат пожарот, биле пронајдени две изгорени тела. Нема детаљи за идентитетот на жртвите.

Причината за пожарот се уште не е позната.