Осум припадници на авганистанската безбедносна служба загинаа при напад врз конвој – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/19 10:47 AM

Осум припадници на авганистанската безбедносна служба загинаа при напад врз конвој

При напад врз конвој со кој патувал гувернерот на провинцијата Логар, загинаа најмалку осум припадници на авганистанската безбедносна служба, а десет се повредени

Во нападот не е повреден гувернерот. Нападот е извршен со автомобил -бомба, што е активирана на автопатот од провинцијата Логар кон главниот град на Авганистан Кабул, кога поминал конвојот, соопшти локалната полиција.

Одговорност за нападот ја презедоа талинабците.