Медиумски екипи спречени да известуваат од ,,Водици“ во Скопје, немале посебна дозвола – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/19 12:59 PM

Медиумски екипи спречени да известуваат од ,,Водици“ во Скопје, немале посебна дозвола

Неколку медиумски екипи денес биле спречени да влезат на мостот ,,Слобода“ во Скопје, каде што се одржуваше манифестацијата ,,Водици 2019 “
Иако тие со прес акредитација од медиумот и легитимација од Здружението на новинари неколку пати се обиде да пристапи до мостот, биле попречени поради како што им било речено дека се потребни посебни акредитации за пристап на мостот.
Иако од новинарот на ТВ21, им беше потенцирано дека новинар со новинарска легитимација има право да се движи и пристапи на мостот како што и изминатите години беше пракса, сепак од обезбедувањето на настанот рекоа дека имаме ограничено движење.
Од ТВ21 ,една од новинарските екипи кои што не добиле пристап контактирале и со МПЦ – Охридска Архиепископија од каде им одговориле дека денеска нема никој кој може да им одговорина прашањето, но потврдиле дека е потребна посебна дозвола.
Голем број од медиумите не добија никакво известување за претходна акредитирање за денешниот настан. Денешниот настан помина под видно зголемено присуство на полициски сили.