Демократите на Тармп му одобриле една милијарда долари за ѕидот – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/19 2:11 PM

Демократите на Тармп му одобриле една милијарда долари за ѕидот

Се чини дека се ближи крајот на делумната блокада на американската влада.Имено ,откако претседателот Доналд Трамп објави на Twitter-дека во текот на денот ќе објави голема вест поврзана за состојбата со границата со мексико и блокадата на Владата, New York Times објави дека демократите кои што го сочинуваат мнозинството во Представничкиот дом на Конгресот, се согласиле да одобрат дополнителни милијарда долари за сигурност на јужната американска граница.
Тоа е доста помалку од речиси шест милијарди колку што бараше претседателот, но се чини доволно за да се омекне и да ја прекине блокадата на Владата,поради која 800.000 државни службеници не примаа плата.