Набавката на новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ ги исфрла од употреба најстарите дизел автобуси – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/19 1:08 PM

Набавката на новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ ги исфрла од употреба најстарите дизел автобуси

Жителите на главниот град сакаат брз, еколошки и функционален јавен транспорт во Скопје. Градските власти, пак, велат дека со зголемувањето на бројот на жители планирањето на развојот на јавниот автобуски превоз во Скопје станува сериозен предизвик и мора внимателно да се одвива.
– Со околу 600.000 жители градот Скопје е четири пати поголем отколку што бил пред 60 години. Со оваа брзина на растење на бројот на жители, планирањето на развојот на јавниот автобуски превоз во Скопје станува сериозен предизвик. Оттука, обновата на возниот парк на јавниот автобуски превоз во главниот град на државата е процес кој мора да се одвива внимателно и плански со цел да се обезбеди одржливост на урбаната мобилност која целосно ќе излезе во пресрет на потребите на скопјани. Ако го земеме предвид податокот дека со автобусите во 1987 година се возеле околу 150 милиони, а сега само 50 милиони патници годишно можеме да констатираме дека јавниот автобуски превоз во Скопје за три децении изгубил две третини од патниците, сметаат надлежните.
Во главниот град постојат три оператори што дневно опслужуваат во просек 200.000 патници – ЈСП „Скопје“ и приватните превозници „Слобода превоз“ и „Мак експрес“.

– ЈСП „Скопје“ располага со возен парк од повеќе од 300 автобуси што се во возна состојба, од кои околу 200 се двокатни од т.н. даблдекери од кинескиот производител „Јутонг“ кои сообраќаат по скопските улици нешто повеќе од седум години. Исто толку стари се и автобусите од украинскиот производител ЛАЗ кои се околу 60-тина. Остатокот се значително постари модели на Санос, МАН и други производители, информираат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека катастрофална грешка е направена и со набавката на 200 двокатни автобуси од страна на претходната локална власт. Овие автобуси освен што се прескапи, користат нееколошки горива, не поминуваат преку сите подвозници, собираат и помалку патници и бавно се полнат/празнат, а на тој начин ги демотивираат граѓаните во користењето на јавниот превоз.

Додаваат дека автобусите на гас се енергетски ефикасни. Споредено со потрошувачката на старите дизел автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП. Најголемата предност е тоа што емитуваат значително помалку CO2, речиси и да не емитуваат PM 10 и PM 2,5 честички, а оттаму произлегува и дека речиси воопшто не го загадуваат воздухот. Со други зборови кажано, со оваа набавка Скопје ќе добие модерен јавен транспорт, кој е економски ефикасен и не го загадува воздухот.

МИА