Во Пехчево светиот крст во рацете на 31-годишниот Бобан Велковски – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/19 10:53 AM

Во Пехчево светиот крст во рацете на 31-годишниот Бобан Велковски

Традиционалното одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици и годинава се одржа на реката Писа во Пехчево. Светиот крст во осветените води го фати 31-годишниот Бобан Велковски, кој беше најсреќен од 20-мината пријавени.
Церемонијата на осветување на водите со фрлањето на светиот крст ја изведоа свештеници од Црквата Св. “Петар и Павле“.
Велковски доби ЛЦД телевизор од општината.
– Чинот на кој бевме денес сведоци, да не сплоти како народ уште повеќе. Испраќам благослов за здравје, среќа и бериќет на Бобан, а со светиот крст да ги однесе истите желби до сите домови во Пехчево, изјави градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.

На церемонијата претходеше водосвет во црквата „Св. Петар и Павле“ каде голем број верници беа присутни на свечената Богојавленска литургија.

МИА