Фото: RAS SRBIJA
Еден од пет милиони – е мотото под кое вечерва протестираа граѓаните во повеќе српски градови. Собирот во Нови Сад почна во 18 часот пред Српскиот народен театар, каде демонстрантите побараа подобра иднина за Србија.
„Луѓето денес се на улиците бидејќи сакаат да покажат дека не се плашат и дека нема да бидат дел од општество во кое министерот за здравство го носи прекрарот Смарт“, порача актерот Бранислав Трифуновиќ, кој претходно беше меѓу организаторите на протест кој се одржа во Белград.
„Ве молам не обрнувајте внимание на тоа кој е покрај вас. Имме многу пова и поголеа це, пред нас, а тоа е нашите деца да останат овде, гордо да чекорат низ улиците на градовите ширум Србија, бидејќи а е прекрасна земја, која ни ја зедоа крадци и манијаци“, додаде актерот пред Театарот.Тој информираше дека луѓето кои денеска излегле на протест добиле поддршка и од Филозофскиот факултет во Белград, од каде е испратено писмо во знак на поддршка.
Граѓаните носеа транспаренти „Ова не е Русија“, „Сите да си одат, децата да ни останат“ и извикуваа „Вучиќ, крадецу“.
Паралелно, на истото место собир одржаа и млади граѓани кои беа придружувани од трубачки оркестар, а кои носеат транспарент „Нево ЕУ, не во НАТО. Нема предавање“.
Протестираа и жителите на Ниш. Протестот таму почна на градскиот плоштад, а го организираше Младинското движење „За Ниш без страв“.
Во меѓувреме, вакви протести се одржуваа и во уште неколку други српски градови.


