Турција осуди судија, добитник на награда за заштита на човековите права – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 6:47 PM

Турција осуди судија, добитник на награда за заштита на човековите права

Десетгодишна затворски казна му одреди трускиот суд на судијата Мурат Арслан. Тој се товари за поврзаност со мрежата на имамот Фатулах Ѓулен, кој според Анкара, го организирал обидот за државен удар во 2016 година.

Турскиот суд го осуди судијата Мурат Арслан, кој претходно доби награда за заштита на човековите права, на десет години затвор поради поврзаност со мрежата на имамот Фатулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организација на обидот за државен удар во 2016 година.

Арслан се наоѓа во притвор 22 месеца, а сега е осуден за членство во вооружена терористичка организација, откако беше обвинет за употреба на шифрирани апликации за размена на пораки Бајлок. Судијата, кој инаку е добитник на награда за заштита на човековите права, ги негира обвиненијата додавајќи дека каков било доказ дека тој ја користел апликацијата е „измислен“.

Турските власти, по неуспешниот државен удар, уапсија 77.000 лица, а повеќе од 150.000 лица останаа без работа.