Марко Шварц ја освои првата алпска комбинација за сезоната – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 6:42 PM

Марко Шварц ја освои првата алпска комбинација за сезоната

Австриецот, Марко Шварц ja освои првата алпскa комбинација сезонава од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во познатото швајцарско одморалиште Венген.

Дваесет и тригодишниот специјалист во слалом, триумфираше со вкупно време од 2:36.92 минути. Тој го освои убедливо слаломот со 48.77 секунди и го освои 13-то место во спуст со 1:48.15 минута, но забележа најдобро вкупно време.

Оваа победа е втора за Шварц не само во текот на оваа сезона, туку и воопшто во неговата досегашна кариера, откако првата ја имаше при паралелната слаломска трка во Осло на 1-ви јануари.

Минатогодишниот шампион во Венген, Французинот Виктор Муфа-Жанде остана втор на 42 стотинки од секундата, а трети на 1.12 секунди заврши друг Французин – Алекси Пинтуро. Олимпискиот шампион во дисциплината од Пјонгчанг 2018 и лидер во генералниот пласман, Марсел Хиршер (Австрија) го пропушти денешното натпреварување, за да се концентрира на слаломот во недела.

Во пласманот за Големиот кристален глобус Марсел Хиршер е на врвот со 976 поени, следен од Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 571 поени и Алекси Пинтуро (Франција) со 554 поени.

Со денешната победа на Марко Шварц се продолжи серијата од успеси единствено на натпреварувачи од Австрија од почетокот на 2019 година.