Попладнево околу 18 часот, на главната сообраќајна крстосница во близина на бензинската пумпа во Делчево се случила сообраќајна незгода во која учествувале најмалку две возила.
Според очевидци на настанот, можни причини за сообраќајната незгода се лизгавиот коловоз и појавата на голомразица.Полицијата на местото на настанот ги утврдува причините за незгодата поради која сообраќајот до 18:00 часот беше во краткотраен прекин.
Од Итната медицинска помош соопштија дека во незгодата не била побарана помош, што според лекарите укажува на фактот дека во несреќата нема повредени лица. Повеќе детали за сообраќајката и причинетата материјална штета од делчевската полиција најавија за утре.


