Тасевски од утре се приклучува на Славија Софија – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 6:23 PM

Тасевски од утре се приклучува на Славија Софија

Поранешниот македонски репрезентативец, триесет и четиригодишниот Дарко Тасевски својата кариера ќе ја продолжи во бугарскиот прволигаш Славија Софија. Откако во изминатите пет години играше во тајландскиот фудбалски шампионат, тој веќе од утре треба да се приклучи на подготовките на софискиот тим во Анталија, Турција.

Договорот се очекува и официјално да биде потпишан по враќањето, на петти февруари.