Од 27 декември минатата година ПМ честичките во воздухот во Велес, не се мерат. И покрај најавите од Министерството за животна средина и просторно планирање дека апаратите ќе бидат поправени, тие се’ уште не се во функција.
Инаку мерните инструменти на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес за разлика од порано кога мереа на две мерни места, тие последниве години мерат само на едно мерно место во нивната зграда, со години наназад и се уште само чад и сулфур диоксид. За разлика од порано, последниве години и мерењето не им е континуирано, а за викендите и празниците се зема просек од неколку дена.
Мерењата на Центарот за јавно здравје покажуваат дека од 1 јануари до денеска, средно дневните концентрации на чад биле под, но и блиску до макисмално дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен воздух. Според тоа, просекот од 3 ти до 7 јануари за петте дена бил 48,5 микрограми на метар кубен воздух, со што, според експертите, може да се заклучи дека во одделни периоди од денот посебно во вечерните часови концентрациите на чад биле зголемени.


