Зголемен број питачи во Гостивар за време на празниците – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 5:19 PM

Зголемен број питачи во Гостивар за време на празниците

Бројот на питачите во Гостивар за време на новогодишните празници кога се дојдени печалбарите е зголемен. Надлежните велат дека спроведуваат превентивни активности, со цел намалување на оваа појава.

Питачите во Гостивар ги има највеќе пред верските објекти и гостиварските улици. Тие се од сите возрасти, а најчесто мајки со деца. Најголемиот дел од нив не се од гостиварско.  Социјалните служби во координација со полицијата спроведуваат активности, со цел да се превенира и соодветно законски да се санкционира питачењето.

Ако питачењето е проследено со запуштање и злоупотреба на малолетни деца, тоа може да се третира како кривично дело. Родителите пак, кои ќе ги инволвираат своите деца во питачење или на било кој друг начин, ќе ги запуштат и злоупотребат можат да се соочат со затворска казна од најмалку пет години.