„Shine A Light“ е насловот на новата песна која ја објави канадскиот пејач, Брајан Адамс. Овој сингл истовремено го најавува и истоимениот студиски албум, кој ќе биде пуштен во продажба на 1 март.
Овој албум ќе брои дванаесет песни, а за дел од нив Адамс соработувал со Џенифер Лопез и Ед Ширан. Веќе наредниот месец, пејачот почнува и турнеја под истото име, во Канада, Нов Зеланд, Австралија и Обединетото Кралство. Албумот сега е достапен само преку официјалната интернет-продавница на музичарот.


