Казна од 15.000 евра за Вардар поради транспарентот „Талант Петух“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 3:21 PM

Казна од 15.000 евра за Вардар поради транспарентот „Талант Петух“

Транспарентот „Талант Петух“ кој беше истакнат на трибините на СЦ „Јане Сандански“, ќе го чини клубот Вардар 15 000 евра. Волку изнесува паричната казна која Европската ракометна федерација ја одреди за Вардар, поради навредливиот транспарент истакнат за време на мечот против Кјелце во Лигата на шампионите.

Една третина од оваа сума сепак ќе биде условна и ќе стапи на сила доколку се случи сличен инцидент во следните две години.

Дисциплинската комисија при ЕХФ во своето образложување на одлуката наведе дека содржината на транспарентот ги крши принципите што ги сочинуваат основните вредности на спортот“ и дека Вардар го „толерирал навредливото и хомофобичното однесување во текот на натпреварот“. Македонскиот шампион има рок од седум дена за обжалување на санкцијата.