Франција ќе изведе пред суд 14 лица за нападите во 2015 година – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 3:11 PM

Франција ќе изведе пред суд 14 лица за нападите во 2015 година

Франција ќе изведе пред суд 14 лица, за кои се смета дека се поврзани нападите во Париз во јануари 2015 година, вклучувајќи го и нападот на сатиричниот весник „Шарли Ебдо”.

Десет од 14 лица се’ уште се во притвор, издадени се налози за апсење на три лица, додека едно лице е во домашен притвор.

Во нападите во јануари 2015 година, вооружени лица убија десетмина вработени во списанието „Шарли Ебдо“ и двајца полицајци, а 11 лица беа ранети. Во еврејски супермаркет  беа убиени четворица заложници. Нападот на „Шарли Ебдо“ го извршија браќата Саид и Шериф Куаши, кои загинаа во полициска акција два дена подоцна.

Извршителот на нападот во еврејскиот супермаркет Амеди Кулибали исто така загина во полициска акција.

 

Извор: МИА