Кавадарци се подготвува за гасификација – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 2:30 PM

Кавадарци се подготвува за гасификација

Изградба на 22 километарска гасоводна линија е предвидена со физибилити студијата за секундарна и примарна мрежа за гасификција на Кавадарци. Од општината велат дека се работи интензивно на потребната документација, па штом стигне гасот до Кавадарци да се започне веднаш со изградба на мрежата. Овој проект е и една од мерките за намалување на загадувањето.

„ Таа студија комплетно опфаќа примарна и секундарна гасификација на Кавадарци, од мерната станица до Ваташа и Глишиќ. Предвидено е 22 км да се направи линија. Ние сме чекор напред. Штом ситигне гасот ние можеме веднаш да почнеме со приклучување. Студијата ќеодинаседницанаСоветнаопштина, а следува и јавно претпријатие за гасификација. Тоа осбено ќе биде важно за новиот центар на градот,  каде што има најмногу колективни згради и е нај загадено градско подрачје“ вели градоначалникот Митко Јанчев.

Тој најави и други проекти како дел од борбата против загадувањето на воздухот. На оџаците од колективните згради ќе се поставуваат пробни филтри, а се работи и на зголемување на зелените површини во градот.

-Новиот генерален урбанистички план треба да биде готов наскоро. Тој предвидува дека според закон, треба минимум општината да има 20 квадратни метри по глава на жител зеленило, ние имаме 29, па сме меѓу ретките општини кои имаме плус зеленило поглавана жител. Одобривме изработка на Локален еколошки акционен план кој треба да биде готов во месец јуни. Но и понатаму на зеленилото ќе се посветува внимание, ќе се одржува и зголемува. “ додава градоначалникот.

Ангел Данов