Високо загаден воздухот во Битола – општината со препораки до граѓаните – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 2:12 PM

Високо загаден воздухот во Битола – општината со препораки до граѓаните

Заради надминатата граница на вредностите на ПМ 10 честичките последователно три дена со ред, Општина Битола денеска излезе со препораки до граѓаните како да се заштитат од загадениот воздух. Во информацијата од Општина Битола велат препораките ги испраќаат заради надминување на вредноста на ПМ 10 честичките од 100µg/m3 во текот на трите последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, а вредноста е надмината во двете мерни станици Битола 1 и Битола 2.

На 16 јануари на мерната станица Битола 1 регистрирани се  107.193  ( µg/m3), а на мерната станица Битола 2 регистрирани се   175.915 ( µg/m3). На мерната станица Битола 1 регистрирани се  157.476 ( µg/m3), а на мерната станица Битола 2, регистрирани се   266.926 ( µg/m3). А прагот е надминат и во текот на денешниот ден. Граѓаните го чувствуваат загадувањето, но заради обврски мора да излегуваат од дома.

-Не можеме да дишеме. Навечер мириса многу. Ме стега во вратот, имам гушење, на лекар ми велат од загаденоста е. Тешко дишење има, особено кога има магла е најзагадено, велат битолчани.

Општина Битола апелира до граѓаните граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна односно: да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат во едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории несоодветен материјал и правилно да се користат печките на дрва. Но и да се почитуваат препораките на Министерството за здравство и  Институтот за јавно здравје: да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот, да се земаат витамини, а хронично болните редовно да ја земаат терапијата.

 

Маја Богоеска