Шпанците ликуваат: Антонио Конте ја испрати најскапата СМС порака на светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 2:17 PM

Шпанците ликуваат: Антонио Конте ја испрати најскапата СМС порака на светот

Се започна со една СМС прака, од тогаш Челзи е изгубен, а според шпанските медиуми, тоа е најскапата СМС порака на светот, која чинеше 100 милиони евра.

Секако, претеруваат бидејќи пресметката е поинаква, но приказната е навистина интересна.

Откако со СМС Конте го извести Диего Коста дека не смета на него, започнаа проблемите. Бразилецот одби да се врати на почетокот на подготовките, седеше дома, не примаше плата поради казна, а на крајот беше продаден на Атлетико за 66 милиони евра, што е клупски рекорд.

Меѓутоа, Челзи во контра тужбата против Конте наведува дека со таа порака ја намалил цената на Коста бидејќи сите знаеле дека не е во комбинација за следната сезона.

Но, што се случи потоа?

Започна панична потера, Лукаку сакаше да се врати во клубот, но Раиола го продаде во Јунајтед. Неодамна Белгиецот дозна дека неговиот менаџер не ни преговарал со Челзи, па на крајот го отпушти.

„Сините“ го срушија клупскиот рекорд, го купија Мората, а бидејќи Бачуаи не беше по вкус на Антонио Конте, беше доведен и Жиру за 17 милиони евра, тој и Мората го чинеа клубот околу 83 милиони.

Сега на Сари ни едниот ни другиот не му се по вкус, Бачуаи не успеаја да го продадат, пристигнува Игуаин на позајмица која ќе чини околу 20 милиони за 18 месеци, ако на лето Челзи не го откупи неговиот договор. Тоа се околу стотина милиони евра нето, колку што Челзи плати за напаѓачи изминатиот период, а го продадоа Коста за 66 милиони.

Замена не му е најдена, со него во тимот освоија две титули за три години, а без него ништо.

Поради тоа Антонио Конте го испрати најскапиот СМС на светот!

Преземено: Спорт Клуб