Во предградие на главниот град на Гана, Акра во средата е убиен новинарот Ахмед Хусеин Суале кој бил на тајна задача, односно истражувал корупција во фудбалот. Убиството следува еден ден откако пратеник повика на одмазда против него.
Хусеин-Суале додека беше на тајна задача објави текстови кои доведоа до укинување на Фудбалскиот сојуз на Гана. Би-Би-Си во 2018 година сними докумнтарен филм за скандалот, откако доби пристап до истрагата што ја водеше контроверзниот новинар Анас Аремајав, кој раководи со „Окото на тигарот“.
Откако Би-Би-Си го емитуваше филмот, пратеникот во Парламентот на Гана, Кенеди Агјапонг објави фотографија од Хусеин-Суале и повика на одмазда против новинарот.
Хусеин-Суале соработувал и со Би-Би-Си, меѓу кои и на сторијата за продажба на делови од човечки тела за ритуална магија на Малдиви.
Насилството врз новинарите во Гана е ретко. Меѓународното здружение на новинари наведува дека последен пат во Гана убиен е новинар во 2015 година, а во текот на 2017 година ширум Африка убиени се осум новинари.