Во Тетово продолжува традицијата на спуштање на светиот крст во црковниот базен во xрамот Пресвета Богородица по повод денешниотпразник Водокрст. Оваа традиција е единствена во Македонија и востановена е во 1987 година.
Во црковниот базен во православниот храм пресвета Богородица по светиот крст скокнаа тројва верници. Годинава најсреќен беше Драгиша Јовановски
Традицијата на фрлање на светиот крст во базенот во дворот од црквата Пресвета Богородица е востановена во 1987 година. Тетовцираскажуваат дека крстот започнал да се фрла во оваа црква ден претходно, затоа што на Водици владиката немал време да присустуваво сите цркви во Тетово, каде се одвивал чинот на спуштање на светиот крст.
Пред да се освети црковниот базен, во храмот света Богородица боженствена литургија отслужиМитрополитот на Тетовско – гостиварската епархија Г Јосиф.
Тој рече дека на овој ден се осветувале водите и нема ништо спорно во денешниот начин на одбележување напразникот
Богојавленските празници продолжуваат и утре на празникот Водици, со спуштање на осветените крстови во црковните базени и реки.
Зоран Димовски


