Мицотакис ја одби поканата на Ципрас за ТВ дуел – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 11:50 AM

Мицотакис ја одби поканата на Ципрас за ТВ дуел

Најголемата опозициона страна во Грција, Нова демократија ја одбила поканата на премиерот Алексис Ципрас упатена до претседателот Кириакос Мицотакис за ТВ дебата.

Темата на дебатата требало да биде Преспанскиот договор, пренесува АНА – МПА.

Во соопштението на Нова демократија се наведува дека за меѓународниот договор се расправа и да се ратификува во грчкиот парламет, во учество на сите пратеници и заменици, „кои мора да ја преземат историската одговорност“, посебно кога е во прашање спорот кој е клучен во решавање, спорот со Поранешната Југословенска Република Македонија.

Нова демокраија го повикаа Ципрас да објасни на парламентот зошто има намера да го ратификува „штетниот договор од Преспа“ и „да го предаде така наречената македонска етничка припадност и јазик, која ниту една грчка влада не ни замислувала“.

„Ако премиерот брзаше да одржи дебата“,  се додава во соопштението, „тој би требало да распише предвремени избори и да им дозволи на граѓаните сами да одлучат“, се заклучува во соопштението.