One light shot: Фит каша со мак и јаболко – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 10:31 AM

One light shot: Фит каша со мак и јаболко

Не мора да одрекувате од некои вкусови доколку одлучите здраво да се храните. Овој пат ќе ги спакуваме тие вкусови во пијалок, како јаболка и мак во техличка. Можеби ви звучи необично, но ајде да веруваме дека навистина е така. Ако ви имаат здодеано стандардните вкусови на каши за појадок ова е рецептот за вас.

ПОТРЕБНО:
*1 поголемо јаболко
*2 лажички мелен мак
*2 лажички пченични снегулки
*1 лажичка мелено ленено семе
*1 лажичка сецкани непечени бадеми
*3-4 суви сливи
*1 лажичка мед
*1/3 лажичка цимет

Излупете ја јаболката, исецкајте ги на коцки па сварете ги во вода. Кога ќе бидат готови испасирајте ги заедно со 200ml од течноста во која се вареа. Вратете ја смесата на најслаб оган, а потоа додадете го макот, ленот, пченичните снегулки и медот. Кратко мешајте додека состојката не се соедини па тргнете го да се излади. Непосредно пред консумирање украсете го со бадеми и суви сливи. Покрај овие состојки можете да додадете и ореви, суви урми и грозје. Овој оброк е идеален за подготовка и неколку часа пред консумација, може дури и да преноќи, со што би имале подготвен појадок  и причина да станете порано од вообичаено.