Запленет хероин во вредност од 2,8 милиони евра во Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 8:33 AM

Запленет хероин во вредност од 2,8 милиони евра во Бугарија

Во реонот на градовите Хасково и Благоевград, во голема акција на бугарската полиција запланети се 47 килограми хероин и 13 клограми амфетамин.

Вредноста на запленетиот хероин на нарко пазарот се проценува на околу 2,8 милиони евра.

Како што соопшти локалниот јавен обвинител на Хасково, Иван Стојанов, при акција се уапсени седум лица, под обвинение за шверц и пуштање во промет на наркотици.

Истрагата утврдила дека запленетиот хероин во Бугарија бил прошверцуван со камион од Турција.